| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Имаме општествена депресија, граѓаните се незадоволни од секојдневието

Со жалење можам да констатирам дека се работи за еден тежок период за Република Македонија, за што сведочат и јавувањата на граѓаните во утринските емисии. Генерално луѓето не се задоволни од квалитетот на живот и тоа можам да го препознаам и во секојдневните контакти со граѓаните, без разлика на нивната старосна возраст, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во утринската емисија за Сител телевизија, „Ја сакам Македонија“.

Мицкоски посочи дека од сите нивни заклучоци, сугестии и критики политичарите треба да извлечат поука и да ја дефинираат траекторијата по која треба да ги движат политиките.

– Јас мислам дека многу нешта треба да учиме од утринските програми и од критиките и сугестиите на граѓаните. Опшествена депресија завладеа во државата и нормално затоа што имаме политичари кои се можеби последните остатоци од оние транзициони политичари кое своето политичко битисување претежно  го темелат на ветување и нула реализација, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top