Дејан П., сопруг на Сања Н. (41), која се товари за обид за убиство на колегите во Земјоделско-советодавната стручна служба во Колари кај Смедерево, осомничен е дека на љубовникот на Сања му фрлил Молотов коктел во дворот. И ова е само дел од приказната за трујачката од Смедерево.
Дејан, машински инженер вработен во смедеревска фирма, пријавил дека неговата сопруга е силувана. Наводно ја затекнал како се допишува со некого, како испраќа смс и тогаш му раскажала дека е силувана, дознава Блиц. Но, набрзо го дознал името на „силувачот“, па отишол и фрлил Молотов коктел на куќата на момчето. За среќа, никој не бил повреден.
Набрзо се дознала вистината дека Сања не е силувана, туку дека со момчето се запознала на социјалните мрежи и дека имале куса врска. Кога се дознало за аферата, Сања си умислила дека ја пласирале колегите, па затоа се обидела да го отруе со кафето.
Сања смислила супер план. Ќафето го донела во петок на 23 март, ден пред да замине на одмор. Колегите и директорот требало да пијат од кафето во понеделник, кога таа нема да биде на работа. Но, планот се изјаловил кога во петокот ненадејно дошле двајца пријатели на колега на Сања, па тој им сварил кафе и им се слошило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


