| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп: Одигравме луд натпревар за Шон Кокс, 7-6 заврши, така?!

Ливерпул прогресираше во големото финале од Лигата на шампионите, иако загуби со 4-2 во реванш пресметката против Рома, влезе во финалната битка за европскиот трофеј против бранителот Реал Мадрид по домашниот триумф претходно од 5-2. Јирген Клоп вторпат во тренерската кариера стигна до финалето на Лигата на шампионите, а со Ливерпул ќе се обиде да го освои првиот трофеј во ова натпреварување.

По реваншот со Рома, Германецот призна дека неговиот тим имал среќа, а пласманот во Киев го посвети на навивачот кој настрада од напад на гостински фанови во Ливерпул. Според англиските медиуми, 53-годишниот Шон Кокс се уште е во вештачка кома, а двајца навивачи на Рома беа уапсени за овој инцидент.

– Целосно му го посветуваме финалето на Шон Кокс. Зборувавме пред натпреварот, постојано мислевме на тоа, сега сме тука, а сите наши молитви и желби се за него. Затоа што човечки живот е позначаен од еден натпревар, изјави Клоп.

Клоп истакна дека натпреварот во Рим бил луд, а додаде дека неговата екипа во целост заслужила финале, од толку што бил добар мечот дури и резултатот го заборавил од двата меча вкупно.

-Моите момци се луди. Покажаа карактер, имаат победнички менталитет, а фудбалот што го играат е луд. Мислам дека заслужено остваривме пласман во финалето и сега ќе се подготвуваме за Киев. Мораме да го победиме „кралот“ за да ја преземеме круната. Ова беше луд меч, тие влегоа во ризик а ние ги казнивме преку контра напади, постигнавме гол на гости што ни значеше многу. Го заслуживме пласманот во финалето 100%, момците го заслужија ова, со карактерот кој го покажаа, фудбалот кој го играат – тоа беше лудо. Го заборавив резултатот! Заврши 7-6, така, праша Клоп, а генерално, Ливерпул токму со резултатот 7-6 од двата меча ја елиминираше Рома.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top