| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на Меган до принцот Хари: Уште не е доцна, откажи ја венчавката

Идната сопруга на принцот Хари, актерката Меган Маркл има полубрат од пеколот. Откако еднаш веќе изјави дека мажачката на сестра му го упропастила семејството, Томас Маркл Џуниор решил преку писмо да му се обрати на идниот шура и да му порача дека се уште не е доцна да ја откаже свадбата.

Томас му пишал на принцот дека времето истекува и дека се уште има време да ја откаже венчавката со жената која ќе го упропасти кралското семејство.

„Не ми се верува дека не го гледаш кај Меган она што го гледа целиот свет. Таа е глумица од Ц категорија, која ги губи улогите зашто старее и сега сака да стане принцеза“, му пишал Томас на шурата.

„Татко ни банкротира заради нејзината актерска кариера. Не му вратила ни пара. Сопственото семејство нема да си го викне на свадба, па ти процени за каква жена се работи“.

Сепак, најинтересен е заклучокот.

„Меган ми е семејство. Иако нè заборави, ние сме тука за неа и секогаш ќе бидеме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top