| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца откри што се случува со Марина Туцаковиќ

Откако во почеток на февруари осамна веста дека текстописецот Марина Туцаковиќ боледува од карцином на дојка, се појавија секакви информации за нејзината здравствена состојба. По тој повод, нејзината долгогодишна пријателка и соработничка Цеца Ражнатовиќ откри дека Марина не може и не сака да ги демантира неточните информации што кружат, но и дека се чувствува добро.

– Секој ден контактирам со Марина. Знам дека многу ѝ пречи тоа што се пишува во весниците. Таа самата ми вели дека чита за себе нешто што нема врска со вистината, но дека таа навистина нема намера, а ни можност сега да се занимава со демантирање на текстовите. Таа се бори и засега е добро. Марина е лавица и ја има мојата апсолутна поддршка. Концертот и новиот албум се одложени и пред да се разболи Марина, бидејќи не стасавме да го заокружиме албумот. Имам толку многу песни зад себе и немам потреба да се докажувам со нешто ново. Но кога ќе го завршам албумот, сакам лично да застанам зад него и да бидам целосно задоволна, изјавила Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top