| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан диџеј едвај останал жив, десет пати ја пуштил „Деспасито“

Диџеј бил претепан речиси до смрт минатиот викенд од четири момчиња кои не можеле да поднесат да ја слушнат вечерта и по единаесетти пат песната „Деспасито“. Инцидентот се случил на Ибица во ноќен клуб откако момчињата неколку пати го предупредиле диџејот да престане да го пушта хитот од Луис Фонси.

Откако не ги послушал, момчињата му се нафрлиле на тврдоглавиот диџеј за, како што рекле во полиција, „да му го дотераат паметот и да му го избијат инаетот“.

Го мавале со клоци и тупаници по целото тело, а обезбедувањето не можело да излезе на крај со хаосот кој настанал, па интервенирала и полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top