| четврток, 6 декември 2018 |

Арената „Филип Втори“ змијарник: На трибината со сопругите на гостите навивале и отровници (ФOTO)

Дојде животот и на националната гордост, арената на која истрчале и големите Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид! Не, никако не помислувајте дека македонскиот фудбал доживеал меѓународна ренесанса, напротив – тој не може да живне ниту во домашното провенство, зашто на стадионот орото змии го водат. Да, вистина, змии на трибините!


На натпреварот меѓу Вардар и Скопје, што се одигра денеска, на трибините на „Филип Втори“, токму каде што седеле сопругите и девојките на гостинските фудбалери, се нашла и оваа навивачка.

Можете да замислите како изгледало кога жените ја виделе змиите. За среќа навреме реагирале редарите, па натпреварот не бил прекинат.


Извор: Спортмедија.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top