Kлое Сандерсон, познатата манекенка и сопруга на фудбалерот на италијанскиот калчо гигант Интер, Давиде Сантон, поминува низ вистински пекол по поразот на „нероазурите“ во саботното дерби против Јувентус.
Најверните фанови на Интер се уште жалат по загубените три бода, а поголемиот дел од нив вината за поразот на “Џузепе Меаца” ја лоцираа кај офанзивниот бек.
По натпреварот, сопругата на Сантон откри какви се пораки добила од навивачите на Интер.
-Немам таков збор кој можам да го употребам за тие луѓе, ако можам така да ги наречам. Добив неколку заканувачки пораки. Ми пишуваа дека прво ќе ме силуваат, а потоа ќе ме убијат, откри Сандерсон.
Атрактивната блондинка додаде дека за првпат во својот живот чувствува страв додека е сама во куќата со својот син. Клое потврди дека постијано проверува дали вратата е затворена.
-На тие идиоти треба да им се каже дека јас имам друг голем проблем, дека се грижам за мојот татко, дали ќе умре од рак. Тие идиоти се опседнати само со фудбалската игра. Тоа е страшно, додаде манекенката.
Во самата завшница на натпреварот Јувентус постигна два погодока и забележа минимална победа од 3:2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст