Актерскиот пар, црногорската ѕвезда Момчило Оташевиќ и хрватската убавица Јелена Перчин се зедоа во тајност во Бока Которска, а младоженецот ги пренесе своите впечатоци.
-Се чувствувам феноменално како оженет човек – како од топ одговорил Момчило за Блиц.
Тој со гордост истакнал дека тој на својата сопруга Јелена и приредил неколку изненадувања.
-Се беше онака како што замислив и планирав. Сите изненадувања кои ги планирав ги направив. Интимната церемонија е направена во Котор, на сцената за култура „Никола Ѓурковиќ“. Се помина онака како што замислив. Не би зборувал многу за деталите, но на сцената организирав на клавир да се отсвират најдрагите песни на Јелена, додека на сцената имаше латици од рози – открил Момчило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.