| четврток, 6 декември 2018 |

Судир на три автомобили кај „Раде Кончар“

Фото: Телеграф

53-годишен Скопјанец, возач на „Шевролет“,  со повреда на главата е пренесен во Ургентниот центар, откако попладево во близина на поранешната фабрикаРаде Кончарво Скопје се случи попладнево се случи верижен судир на три автомобили.

Несреќата се случила во 16 часот и 25 минути на раскрсницата меѓу улиците „Коста Новаковиќ“ и „Трета македонска бригада“, кога се судриле „Пежо 106“, „Пежо 206“ и еден „Шевролет спарк“, сите со скопски регистарски таблички, при што настрадал возачот на „Шевролетот“, 53-годишен скопјанец со иницијали З. А.

Од Ургентниот центар информираат дека лицето З. А. имало рана на главата што му е санирана и моментално е во фаза на испитување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top