| четврток, 6 декември 2018 |

Гореше „Љубојно“ ноќеска: Поради семејна караница, изгоре половина улица (ФОТО)

Поради семејна расправија помеѓу двајца браќа изгоре и куќата на соседот на улицата „Љубојно“ во битолската населба Баир. Битолчанец синоќа ја запалил куќата на својот брат, но од пожарот бил зафатен и домот на соседите. Сега, со три малолетни деца, ова семејство е на улица. Како што велат, едвај успеале да се спасат, бидејќи пожарот настанал во доцните вечерни часови, кога спиеле.

Според информациите на полицијата, во Секторот за внатрешни работи Битола во 22:00 часот бил пријавен пожар кој зафатил три куќи лоцирани на улица „Дебарска“. Кога пристигнала противпожарната единица Битола една куќа била целосно изгорена, а две делумно.

Било приведено едно лице од Битола, за кое се претпоставува дека го подметнало пожарот.

Како што велат жителите од оваа улица, пожарот настанал откако после меѓусебна расправија заради имотно-правни односи, еден од браќата од првата куќа која целосно изгорела, со бензин ја запалил куќата на брата си.


Повеќе на Шеталиште

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top