| четврток, 6 декември 2018 |

Прифатена гаранцијата на обвинетиот Душко Лазаров за излегување од притвор

Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Кривичниот суд ја прифати гаранцијата на обвинетиот Душко Лазаров за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година да се брани од слобода со гаранција во недвижен имот. За обвинетиот Митко Пешов пак Судот не го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и замена за куќен притвор со прифаќање гаранција.

– Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на одбраната на Д.Л. и М.П. опфатени со обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија за укинување на мерката притвор, Советот донесе решение со кое за обвинетиот Д.Л. го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција со кое решение по правосилноста и запишување на гаранцијата во катастар, мерката притвор се укинува, а дополнително се определуваат и мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патнатата и друга исправа за преминување на државната граница и обврска на обвинетиот да се јавува на службено лице во Судот, соопштија од Кривичниот суд.

За обвинетиот М.П., како што информираат од Судот, решението со кое предлогот за укинување на мерката притвор и замена за куќен притвор со прифаќање гаранција, се одбива како неоснован.

Против овие решенија странките имаат право на жалба преку Кривичниот суд до скопскиот Апелациски суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top