| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел им воведува санкции на непослушните

Европската комисија предложи „ограничување на пристапот до европските фондови“ во случај на кршење на принципите на правната држава во нацрт-буџетот за периодот 2021-2027.

Ваква иницијатива се јавува првпат досега.

„Почитувањето на правната држава е незаменлив предуслов за здраво управување со финансиите и за буџетска ефикасност. Затоа предлагаме нов механизам за заштита на буџетот од ризици поврзани со недостаток на правна држава. ТОа е механизам за општа примена, кој не се однесува на ниту една земја-членка поединечно“, изјавил претседателот на ЕК Жан-Колод Јункер во обраќањето пред европратениците. Сепак, Полска и Унгарија се чувствуваат директно погодени од овие услови.

Важна новост во предлог-биџетот е зајакнатата врска на ЕУ-фондовите и правнта држава со цел да се заштити европскиот буџет од финансиски ризици поврзани со недостаток на правна држава во државите-членки, наведува ЕК. Ако го усвојат, новиот инструмент ќе ѝ овозможи на Унијата да го суспендира, намали или ограничи пристапот до европските фондови пропорционално со природата, тежината и ширината на недостатокот на правна држава.

Ваквата одлука мора да ја предложи Комисијата и мора да ја усвои Европскиот совет со „обратно квалификувано мнозинство“, наведува ЕК. Секоја држава има одреден број гласови. Процедурата за „обратно квалификувано мнозинство“ подразбира државите кои имаат вкупно 255 гласови да можат да ги отфрлат препораките на Косијата, што е тешко да се постигне.

Повеќе земји се заложиле овој механизам да извлече поука од споерот на Брисел со ултраконзервативната влада на Полска, обвинета дека ѝ се заканува на независнсота на судството.

Поради компликуваната процедура која е во тек на барање на ЕК, идејата е во слични случаи да се примени финансиски протисок.

„Нема да прифатиме арботарни механизми кои управувањето со фондовите ќе го направат инструмент на политички притисок по барање“, рече заменик-министерот за евтопски работи на Полска, Конрад Шимански.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top