| четврток, 6 декември 2018 |

Пет работи поради кои може да ве избришат од евиденција на невработени

Лице што нема да прифати обука два пати во текот на две години се брише од евиденцијата на невработени.

За невработено лице се сметаат сите лица кои се пријавени во Агенцијата за вработување, кои се невработени и активно бараат работа, способни се да работат и се подготвени да прифатат секакво соодветно или погодно вработување што ќе го понуди Агенцијата.

Сите лица кои се регистрирани од страна на Агенцијата за вработување како невработени имаат право да ги уживаат сите права утврдени со закон кои им следуваат на невработени лица.

Секој граѓанин кој што е евидентиран како невработен е должен лично да се јавува во Агенцијата на секои 30 дена и да докаже дека активно барало работа во последниот месец. Невработените што нема да ја исполнат оваа обврска во рок од 30 дена по истекот на рокот на јавување утврден во индивидуалниот план за вработување, се брише од евиденцијата на невработени лица.

Дополнително, АВРМ има право да избрише од евиденција граѓани кои се упатени од Агенцијата кај работодавач, а тие не се јават или одбијат да засноваат работен однос, или пак одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување.

Невработените лица кои не ги почитуваат преземените обврски од индивидуалниот план за вработување исто така се бришат од евиденција.

Лице што нема да прифати обука два пати во текот на две години исто така се брише од евиденцијата на невработени.

Сите невработени лица кои од страна на инспекцискиот орган се затекнати да работат спротивно на законот или одбијат работно ангажирање за вршење на јавни работи се бришат од евиденција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top