Присуство на ентеропатогени бактерии е откриено при анализата на примероци од храната со која беа затруени пет лица од кочанското село Тркање.
-Резултатите покажаа присуство на голем број бактерии од видот салмонела ентеритидис и ентеробактериаци во веќе подготвените, како и во смрзнатите пирошки со пилешка шунка, кај филот за пирошки и кај смесата од јајца со презла. Единствено исправни за употреба се пирошките со свинска шунка, рече директорката на Центарот за јавно здравје од Кочани, Магдалена Манасиева, пренесе Фокус.
Од Инфектолошкото одделение во Клиничката болница во Штип, потврдуваат дека е стабилна здравствената состојба на затруените лица и дека официјално нема пријавени нови случаи на труење, додека објектот е затворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст