Во понеделникот во полициската станица Гостивар, вработен во Јавното комунално претпријатие Врапчиште, пријавил дека во периодот од 15.04.2018 до 30.04.2018 година, во атарот на селото Ломница, Врапчиште-Гостивар, на базен-каптажа, сопственост на Јавното комунално претпријатие-Врапчиште, што се користи за водоснабдување на селата Добри Дол и Топлица, непознати сторители, со подесен алат делувале на металниот капак и металниот лим, од просторот каде се наоѓал вентилот за собирање и отпуштање на водата од базенот.
Потоа, сторителите влегле внатре и се обиделе да го блокираат главниот довод на вода за пиење во село Добри дол, но не успеале во намерата.
На 01.05.2018 година, од страна на екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид на местото на настанот при што, било утврдено дека на заштитната ограда од каптажата-базенот, има оштетување на три метални профили, кое што настанало од проектил со влезно излезни-отвори, при што на растојание од 10 метри од базенот-каптажата биле пронајдени и подигнати три чаури од огнено оружје со ознаки PPU 8х57. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст