| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН се премисли, нема да има барокна фасада

Деловната зградата во која се сместени ЕВН и ЕЛЕМ во центарот на Скопје нема да има барокна фасада како што беше одлучено во 2013 година. Информацијата за Сакамдакажам.мк ја потврдиле од ЕЛЕМ, а од ЕВН велат дека во моментов градежните работи се стопирани и можно е промена на првичниот проект по кој требаше да се реновира во неокласичен стил.

– Фасадата нема да биде во барокен стил како што беше првично предвидено. Ова го одлучивме заедно со ЕВН, велат од ЕЛЕМ.

– Се разгледуваат можности меѓу кои и промена на неокласичниот изгледот кој беше предвиден со проектот за реконструкција во 2013 година. Решението кое ќе се избере сакаме да биде соодветно за централното градско подрачје. Нема да има никакви дополнителни финансиски импликации бидејќи зградата е во таа фаза кога не е почнато да се гради новата фасада, велат од ЕВН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top