| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонци ограбени кај Катланово: Ги пресретнале тројца, ги бутнале од велосипедите и им земале се што имале со себе

Вчера околу 15.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавено е дека на локалниот пат од с. Катланово кон с. Брезница додека Ш.К. (54) и Х.К (48), двајцата од Јапонија, се движеле со велосипеди, им се приближило патничко моторно возило „Форд“ во кое имало три непознати лица кои излегле од возилото и физички ги нападнале, ги турнале од велосипедите и им одзеле 3 000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top