| четврток, 6 декември 2018 |

МОН ги објави наставните планови за второ и трето одделение

Министерството за образование и наука (МОН) денеска соопшти дека по извршената ревизија, подготвени и објавени се новите наставни планови и програми за второ и трето одделение.

МОН бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми за второ и трето одделение.

Новите наставни планови и програми за второ и трето одделение на македонски, албански, турски и српски јазик може да се преземат на следните линкови: второ, трето.

Сите коментари и предлози можат да се испратат на на npp@mon.gov.mk, или да се достават до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).сст/са

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top