| четврток, 6 декември 2018 |

Отворено писмо од група вработени: Владата под итно да ја разгледа состојбата во Македонска пошта

АД Македонска Пошта важи за „бренд“ во поштенскиот сообраќај во Република Македонија, привлечно место за работење и вработување на млади и образувани работници. Секој би се запрашал зошто го изнесувамe ова во ваква состојба кога секој од надвор без конкретни информации би рекол дека Македонска пошта е прекрасна компанија со извонредни услови за работа, но тоа така изгледа само однадвор.

Со поделбата на ПТТ Македонија на две посебни компании АД Македонски Телекомуникации и АД Македонска Пошта, пошта имаше добри предуслови да стане лидер за поштенските услуги, не во Македонија, туку и на Балканот. Ова пред се зарди набавката на современата опрема која и сега функционира во хибридна пошта. Ова не се оствари пред се зарди тоа што АД Македонска Пошта е друштво во државна сопственост и од тоа произлегуваат сите негативни реперкусии.

Во нормална држава тоа не би претдставувало проблем, но кај нас и те како е голем проблем. ЗОШТО? Затоа што државата после секои избори назначува нов менаџерски тим (освен во 1987 година) поставуваше генерален директор од албанските партии кои беа коалициони партнери на некоја од партиите македонскиот блок. Владата од менаџерските тимови наназад не барала програма по која ќе работи тимот и ќе дава позитивни финансиски резултати и отчет после секоја деловна година и ако не се исполни програмата да се смени менаџерскиот тим, но кај нас не е така.

Македонска пошта претставува место во кое се врши згрижување на невработените партиски кадри од партиите на власт (не кажавме ништо ново). Тоа не би било лошо кога би се вработувале реално потребните кадри со соодветно образование. Освен тесниот раководен врв во Македонска пошта, никој друг на ниво на друштво не знае каква е структурата на вработение во АД македонска пошта. Најважно е дека има доста вработени со високо образование, структурата не е важна затоа што менаџерските тимови ја изменија систематизацијата и овозможија со било каков факултет да може да се вработи, освен за правниците. Само да знаеме колку вработени има како угостители, професори по албански јазик, географичари, физичари, филозофи, историчари и.т.н.

Наведениве „професионалци“се однесуваат како само ние да сме на пазарот на поштенски услуги, не гледаат дека огромниот колач веќе не го јаде само АД Македонска пошта, туку поголемиот дел го освоија други оператори (со визија, професионалност, посветеност и иновативност), што во АД Македонска пошта ги нема овие карактеристики. Ако некој професионално си ја врши работата, тој е неподобен и ќе биде уназаден.

Сето ова е последица на сегашната состојба во АД македонска Пошта. Според гласините кои кружат плата ќе сме земале до септември, а после тоа ке сме виделе, може ке имало и технолошки вишоци. Ова е поради тоа што фирмата ќе немала пари. Голем дел од вработените ја тужеле истата за неисплатено К-15 и вработените во судска постапка ги добивале споровите. Огромни пари се одлеваат како трошцои за пресуди. Наместо после првите изгубени судски процеси да се склучел договор со Синдикатот околу начинот на исплата на заостанат К-15, правната служба си продолжила со комотното однесување. Наместо да го советуваат генералниот директор околу последиците ако не се исплати заостанатиот К-15, тие продолжиле да губат процеси во голем број на суд.

За сето ова никој не одговара, никој од правна служба не е сменет, не е казнет, ама затоа после секоја промена на влада сите стручни работници кои работеле успешно, само затоа што биле назначени или соработувале со претходната власт, веднаш се сменувани. Во подружница Скопје 1 има казнено оделение во Ѓорче Петров од некои десет вработени кои не работат, а земаат плата. Такви неподобни ги има во цело друштво по сите подружници, никој не го знае точниот број. Од овие вработени сигурно половината се стрчни кои и те како можат корисно да се искористат, а не да земаат плата и да не работат.

Незадоволството на вработените се искажува и со тужби за нецелосно исплатени јубилејни награди согласно колективниот договор. И овие тужби правна служба ги губи на суд сите по ред.

Најнов глас кој се слуша низ АД Македонска Пошта е дека веќе некои вработени поднеле тужби за помалку исплатена плата заради намалена времена вредност на бодот од пред десет и повеќе години. Ако и тие тужби правната служба ги изгуби, дури тогаш црно и се пишува на АД Македонска Пошта.

За сето ова можеби премиерот и министерот не се информирани, но нели тоа им е работа, да знаат што им се случува во куќата. Таа фирма е нивна, тие со Собранието се основачи и неможе да не ги интересира. Или ќе
ги интересира кога состојбата ќе дојде до вриење како во Македонски железници?.

Ние група вработени во АД Македонска Пошта апелираме до Владата под итно да ја стават на дневен ред состојбата на АД Македонска Пошта на разгледување за сите овие наведени работи погоре како и за сите финансиски импликации кој ќе дојдат од непрофесионалното работење на правната служба, финансиската служба, а секако и целиот менаџерски тим од претходната гарнитура, како и новите члeнови од новиот менаџерски тим (дел се истите од претходниот тим).

Отвореново писмо до Владата на Република Македонија е од група на вработени кои се одважуваат јавно да ја изнесат состојбата во АД Македонска Пошта со надеж дека Владата навистина ќе се заложи под итно да ја согледа реалната состојба во која се наоѓа друштвото и да превзема излезни решенија за негативната состојба.

(писмо од читател, името познато на редакцијата)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top