| четврток, 6 декември 2018 |

Син или ќерка, што ќе се роди зависи од таткото и тоа од овој фактор

Експертите дошле до заклучиле дека преку машката линија се пренесува засега неоткриен ген кој го одредува процентот на X и Y хромозомите во сперматозоидите, а се претпоставува дека тој ген се јавува во три можни варијанти.

Резултатите кои се засновани на анализа на податоци за скоро 600.000 луѓе, покажале дека мажот кој има повеќе браќа има поголеми шанси да добие син, додека мажот со многу сестри има повеќе среќа да добие ќерка.

Полот на детето го одредува таткото, бидејќи мажите ги носат одлучувачките „женските“ X или „машките“ Y хромозоми, додека јајните ќелии носат само Х хромозоми. Експертите дошле до заклучиле дека преку машката линија се пренесува засега неоткриен ген кој го одредува процентот на X и Y хромозомите во сперматозоидите, а се претпоставува дека тој ген се јавува во три можни варијанти.

Една варијанта произведува претежно Х хромозоми, другата главно Y, а третата носи приближно еднаков број Х и Y хромозоми.

Сепак, немојте ова да земате здраво за готово. Додека бебето не се роди, ништо не е сигурно. Не заборавајте дека дури и ултразвучните прегледи со кои може да се потврди полот веќе од 18 до 20 недела од бременоста, остава можност за грешка од пет проценти, така да можеби би било најубаво со спремањето на детската соба да почекате се додека лично „не се запознаете“ со бебето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top