| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот со амнезија, меѓу 11-те повредени – две се деца

По првичните информации за тешката сообраќајка кај железничката пруга во скопско Волково, доаѓаат и првите детали.

Најмалку 11 лица се повредени кога камион директно удрил во приватен автобус со број 22. Меѓу повредените има и 2 деца, едното на едногодишна возраст, другото на 7 години. Децата заедно со уште 5 други лица кои биле во автобусот со возила на Брза помош се префрлени во Ургентниот центар каде во моментот се вршат испитувања и сеуште не се знае за какви повреди станува збор.

Според информации на здравство24 уште 4 лица меѓу кои и возачот на автобусот со Брза помош се донесени во ГОБ 8-ми септември. Директотот на болницата проф-д-р Сашо Стојчев вели дека најтешко повреден е возачот на автобусот. Две лица имале амнезија и не се секавале на ништо.Сите 4-ца имале повреди на главата и вратот.

-Во моментот на двајца од нив им се вршат снимања на компјутер за да се констатира за какви повреди станува збор,останатите две лица ќе бидат пуштени на домашно лекување – вели д-р Стојчев.

На местото на несреќата интервенирале 3 возила на Брза помош, кои по укажаната прва помош поврдените ги пренеле во болница. Полицијата врши увид по што ќе бидат познати точните причини за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top