| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа циклонот Тодор: Од утре пороен дожд, грмежи, силен ветер и град!

Во текот на денешниот ден (среда) како што претходно најавивме под влијание на Медитеранскиот циклон ТОДОР ќе започне опаѓање на воздушниот притисок над нашата држава а со тоа ќе засилува и ветерот од источен и од југоисточен правец и истиот ќе биде засилен на повеќе места особено утре (четврток) кога локално ќе достигнува брзина од околу па и над 70 км/час.

Денес (среда) попладне особено на планинските места но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

 Утре (четврток) ќе има повеќе облачност над нашата држава а особено на запад ќе има и слаби локални врнежи од дожд во текот на претпладнето додека попладнето особено во западните планински предели како и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Температурите на воздухот ќе белат тенденција на помал пад и веќе утре (четврток) ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top