| четврток, 6 декември 2018 |

Марсело: Ако речам дека топката не ме удри во рака, ќе излажам

Реал Мадрид синоќа обезбеди место во финалето во Лигата на шампионите откако на домашен терен одигра 2-2 со Баерн Минхен. Ремито беше доволно за Реал да стигне до финале трета година по ред, откако на првиот меч во Минхен победо со 1-2.

На вчерашниот меч имаше повеќе спорни ситуации, а онаа која се чини најмногу „боде очи“ е играта со рака на левиот бек на Реал, Марсело во својот шестнаесетник.

– Играв со рака. Топката ме удри во раката и мислам дека тоа беше пенал. Ако го кажам спротивното, ќе излажам, но тоа е дел од фудбалот. Не сакам да зборувам за судиите. Понекогаш тие грешат во наша корист, а понекогаш на наша штета, изјави Марсело синоќа по дуелот на „Бернабе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top