| четврток, 6 декември 2018 |

Дали да се гласа за Богов: Заев на координација со парламентарното мнозинство

Премиерот Зоран Заев денеска треба ќе се сретне со парламентарното мнозинство за да се договорат како ќе гласаат за предлогот Димитар Богов да биде гувернер и во наредните седум години.

Заев како што изјави вчера, пред месец и половина разговарал на оваа тема со Иванов, но не кажа што тој лично мисли за Богов и дали за него е прифатливо тој да остане уште еден мандат во Народната банка.

-Реално очекував и следна средба да се случи, ако не, меѓу мене и координаторите на пратеничките групи, претседателот. Но вчера добив информација дека е пуштен предлогот. Мене ми е важна независноста на Народната банка и со тоа и монетарната политика да биде стабилна и во иднина. Истовремено ми е важно секогаш преку експертските решенија и ние политичарите тоа да го потврдуваме, изјави Заев.

За претседателот Иванов, Богов е најдобро решение затоа што Македонија од 2015 година па наваму е позитивно оценета во извештаите на Европската комисија во делот на монетарната политика и централнобанкарското работење.

Богов е прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за ДУИ кои беа против него и во 2011 година, кога за првпат стана гувернер.

Неофицијално, можно е оваа пролет да не се избере гувернер, туку да се чекаат претседателските избори следната година, по што новиот претседатеч ќе даде и предлог за гувернер.

Според деловникот на Собранието, нема рок до кога најдоцна Џафери треба да го стави Богов на гласање. Мандатот на Богов истекува на 21 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top