| четврток, 6 декември 2018 |

Неочекувана средба над Балтикот: Руски ловец пресретнал американски шпионски авион (ВИДЕО)

Руски ловец пресретнал утрово американски шпионски авион над Балтичкото Море во меѓународен воздушен простор.
Фокс њуз ја пренесува изјавата на двајца американски функционери дека рускиот авион Su-27 „сигурно, но непрофесионално“ пресретнување на авионот за надзор на амерканската морнарица P-8 за време на неговата мисија над Балтичкото Море.
Рускиот авион прелетал на само 6 метри од амеиканскиот, но америкснакие пилоти изјавиле дека не се почувстввуале загрозено ниту небезбедно.

Овој инцидент засега е последен во низата такви воздушни инциденти меѓу американските и руските воени авиони. Претходно, во јануари руски ловец прелета пред шпионски авион на нмериканската морнарица EP-3 над Црното Море.
Американските и руските авиони редовно летаат едни близу други над Балтичкото и Црното Море, но на професионален начин, соопшшти Пентагон. Меѓутоа, можно е новиот воздушен инцидент да има врска со зголемените тензии меѓу Русија и САД во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top