| четврток, 6 декември 2018 |

Несекојдневен совет на најбогатиот човек на светот за приватниот живот

Сопственикот на Амазон, Џеф Безос, смета дека секој човек треба да негува добар приватен живот, бидејќи без тоа, нема да има добри резултати на работното место.

– Многу е важно каков ќе дојдете на работа. Сите знаеме дека на состаноците секогаш има по некој кој знае да внесе огромна негативна енергија. Затоа треба да се дојде позитивен и да се пренесе таа позитивна енергија на останатите. И во спротивно, ако си задоволен на работа, ќе ти се случуваат добри работи и во приватното време – смета најбогатиот човек на светот.

Тој е познат по тоа што не пропушта појадок со своето семејство и дека понекогаш сам си ги мие садовите, а и дека, за својот статус, има мошне мал број на состаноци на агендата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top