Во Белград денеска се одржа протест на УГС Независност и Сојузот на самостојни синдикати на Србија под слоганот „Платите да станат, а младите да останат“. Неофицијално, двајца активисти кои дофрлале на министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ се приведени, а потоа пуштени.
Дека дошло до инцидент потврдуваат и од движењето “Да не го давиме Белград“ од каде соопштија дека меѓу приведените е и еден нивни активист, поради вербален напад на министерот за труд.
Синдикатите бараат поквалитетни и побезбедни работни места, сопирање на нетранспарентната распродажба на ресурсите, зголемување на заработката, независност на судството, борба против корупција, пристап до јавни информации, независни медиуми и измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Сидикатите велат дека на протестот имало 5.000, додека официјалната бројка од полиција е 2.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


