Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев започна сам да се плетка во својата криминална мрежа.
Од позициите кои ги застапуваа вчера дека немаат ништо со фирмите на Заев со превоз и ископ на јаглен, денес реагираат и дојдоа до ставот дека сепак имаат механизација и дека истата наводно ја продале.
Секој ден различен став само да се сокрие вистината за криминалниот канцер.
Тие додаваат дека Зоран Заев призна дека фирмата на неговиот брат Вице Заев поседувала механизација за ископ и превоз на јаглен.
Зоран Заев не негираше дека во минатото фирмата на неговиот брат вршела превоз на јаглен што кореспондира со периодот кога се обавени снимките и за кого постои сомневање и дилема дека фирмата „СВ Инвест“ вршела превоз на јаглен со камионите сопственост на „Тотал инжинеринг“ односно Вице Заев.
Ако посочените камиони не се сопственост на битолската фирма „СВ Инвест“ како што тврди Заев тогаш зошто истите се со струмички регистарски таблици и до пред непосреден извесен период директна сопственост на дирмата „Тотал инжинеринг“ на Вице Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ реагира:
Два дена безидејното и очајно ВМРО-ДПМНЕ лаже и манипулира со непостоечки случај и истиот постојано го надградува со лажни вести.
Измислениот случај на ВМРО-ДПМНЕ веднаш беше демантиран од АД ЕЛЕМ односно од претпријатието јавно соопштија дека посочената фирма никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола.
Итовремено, според достапните информации коишто се лесно проверливи, јасно е дека компанијата Тотал инжинеринг, неодамна извршила продажба на својата севкупна механизација и ниту пред продажбата, ниту по неа, нe била и не е ангажирана во ниту една постапка во која било државна институција.
Јасно е дека ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, за коишто ВМРО-ДПМНЕ два дена ја лаже јавноста.
Во интерес на вистината, како одговорна партија, повторно ги повикуваме сите надлежни институции како и сите граѓански здруженија и организации коишто се бават со антикорупција да покажат заинтересираност за измислениот случај на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за тоа да ја информираат јавноста.
Наместо да ја замајуваат јавноста со непстоечки случаи и измилици, ВМРО-ДПМНЕ треба да се дистанцираат од политиките на Никола Груевски коишто промовираат лаги и манипулација, а нивниот претседател Мицкоски конечно да излезе пред јавноста и да им одговори на граѓаните за договорите од 10.5 милиони евра склучени во непосредна спогодба во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


