| четврток, 6 декември 2018 |

Психолозите откриле која година во бракот е најтешка

Според статистичките податоци, изгледа дека на венчаните жени најтешка им е единаесеттата година од бракот. Во тој период, жената доживува големо оптоварување. Мораат истовремено да ги школуваат децата, да го следат нивниот напредок на училиште, да се грижат за домот и да работат.

Квалитетот на односот воглавно страда поради недостатокот на време. Најчесто во тој период мажот не ја гледа својата сопруга како атрактивна и пожелна партнерка.

Во европските земји, браковите во просек траат околу 11 години. Но ако ја надминете оваа криза, по 15 години брак, задоволството од односот постепено ќе расте во текот на наредните 20 години.

Експертите за семејни односи се уверени дека за време на овој тежок период многу е важно паровите да научат дека хуморот може да излечи сè. Смејте се кога сте заедно, мирно реагирајте на кризите со партнерот, намалете ги очекувањата, па дури и ако вашата врска не е совршена, неопходно е да се фокусирате на позитивните страни на вашите сакани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top