| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај Волково – камион удри во 22-ка

Фото: Сител

Десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која попладнево околу 14 часот се случила кај железничкта пруга во Волково.

Камион удрил во приватен гратски автобус со број 22, а откако возачот на автобусот изгубил контрола излетал од патот и удрил во дворот на локалната спортска сала и притоа ја срушил оградата. Во несреќата повредени се возачот и совозачот на камионот и уште најмалку 8 патници во привтниот автобус.

Се уште нема информации во каква состојба се повредените, а според неофицијални информации, сите се прфрлени во Градската општа болница.

Неофицијално, меѓу повредените имало и деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top