| четврток, 6 декември 2018 |

„Лопови, лопови!“ ечеше денеска пред Влада: Нашата плата е за нашите деца, немаме намера да храниме туѓи фамилии

Со скандирање „Лопови, лопови!“ започна протестот против извршителите пред Владата на РМ, со кој неколку синдикати здружено го одбележаа празникот 1 мај – Денот на трудот. Учесниците им порачаа да си ги приберат огромните износи и камати што ги наплатуваат бидејќи синдикатот-организатор ќе започне со конкретни акции. Беше најавено и дека утре до Владата на РМ ќе биде доставен нов предлог кои измени да се воведат во законот за извршители.

– Нашата плата е за нашите деца, немаме намера да храниме туѓи фамилии. Не ви се плашиме. Владата да ве стави во ред, или сами ќе се пресметаме со вас, а начинот на кој што ќе ви се спротивставиме дополнително ќе го соопштиме овие денови. Извршителите се најголемо зло на Македонија. Владата нека избере – или 100-тина извршители, или 100.000 млади луѓе кои поради нив се подготвени да си заминат засекогаш, порача Гоце Тодев.

Додека траеше левичарската химна „Паѓај сило и неправдо“ се пуштаа и снимки од премиерот Зоран Заев и пратеникот Стево Пендаровски, во кои како опозиционери тврдат дека Извршителите ќе бидат укинати и „дека не може за долг од 1.000 денари да се наплатува 11.000“.

(извор – Фактор.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top