Познатиот диџеј Авичи не починал од компликации со здравјето туку извршил самоубиство, пишува американскиот магазин „TMZ“. Според написот, тој се исекол со скршено стакло.
Повеќе извори кои се запознаени со околностите на смртта на шведскиот диџеј Тим Берлинг, на јавноста познат како Авичи, тврдат дека самиот си го одземал животот, на што неговите родители и пријатели алудирале минатата недела. Дури три извори за „TMZ“ тврдат дека Авичи скршил шише од вино и со парче стакло си нанел фатална повреда. Два извори тврдат дека повредата била на вратот, додека третиот извор тврди дека била на вените над шаката.
Неговото семејство издало соопштение во кое пишувало дека тој „повеќе не можел“ и дека сакал „да пронајде мир“, што остава сомнеж за начинот на кој завршил неговиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст