| четврток, 6 декември 2018 |

Храна доставувала истата кочанска фирма: Ново труење на свадбари во Штип

Свадбено мени повторно хоспитализираше пациенти на штипското инфективно одделение. Овој пат петмината  отруени свадбари се од кочанското село Тркање.

Неофицијално, храната во хотелот ја дистрибуирала истата кочанска фирма поради која пред една недела со тешка клиничка слика на инфекивно завршија 16 гости од три свадбени веселби во Штип.

Надлежните за утре најавија одговор како тоа фирма што била под сомнение дека храната што ја подготвува предизвикала труење, продолжила со работа и со тоа во опасност го довела здравјето на граѓаните и дали ќе се засилат контролите во фирмите што вршат подготовка на храна и рестораните.

(извор – 24Вести.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top