Претставниците во Собранието и во Владата треба да внимаваат на работничката класа, бидејќи преку нас работниците се остваруваат сите благодати во оваа земја. Ние сме тука да покажеме колку бројни и колку сме сложни. Во име на солидарноста да им порачаме да го вреднуваат трудот на работникот и да има достоинствена работа за сите, истакна на протестниот марш пред македонскиот Парламент, Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво при ССМ.
Рече дека работниците треба да имаат пристојни и повисоки плати, регрес за годишен одмор на сите, подобар општ колективен договор и во јавниот и во приватниот сектор, безбедни работни места.
Бараме, додаде, да се стави крај на дискредитацијата и да се стави крај на мобингот и покачување на границата на старосната пензија. Сите наши барања ќе продолжиме да ги доставиме до Владата бидејќи патиштата се различни, но целта ни е една – Да живее работничката класа на Република Македонија и да
ние е среќен Први Мај, рече тој.
Пред Парламентот, на протестниот марш на Сојузот на синдикатите се приклучија ССНМ од каде заедно продолжија кон Владата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст