| четврток, 6 декември 2018 |

По „корпата“ од Анчелоти, Италија тргнува по Манчини

Иако искусниот италијански стручњак, Карло Анчелоти се споменуваше како главен фаворит за местото селектор на италијанската репрезентација, според тамошните медиумите тој ја одбил оваа понуда, па федерацијата сеа се врти кон Роберто Манчини.

Манчини вчера имал состанок со Алесандро Костакурта и Леле Оријали, од италијанската федерација и наводно се договориле. Тој не сакал да биде ништо обелоденето уште сега и побарал прво да заврши сезоната во Русија, за да си замине коректно од Зенит. До крајот на рускиот календар има уште две кола, а Зенит се бори за место во ЛШ.

Италија го отпушти Џанпјеро Вентура како селектор, откако загуби во баражот со Шведска и првпат по 60 години не избори пласман на едно СП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top