| четврток, 6 декември 2018 |

Му купила соковник и му забранила месо: Меган Маркл го стави принцот Хари на диета

­Вообичаено е пред свадбата невестата да се стави на посебен режим на исхрана. Сепак, во случајот со Меган Маркл и принцот Хари, работите стојат малку поинаку.

Имајќи в предвид дека нивната свадба ќе ја пренесуваат медиуми од цел свет, принцот, согласно препораките на свршеницата, уплатил месечен тренинг од 575 фунти во ексклузивен центар за вежбање. Тоа, заедно со диетата, исто така препорачана од Маркл, донеле доста видливи резултати.

– Тие купија соковник, од најквалитетните брендови, и таа сега го храни со зеленчуково­ – овошни мешани сокови. Не му дозволува да јаде месо, изјавил за „Дејли Меил“ извор близок до двојката, кој претпочитал да остане анонимен.

Така, принцот Хари месечно губи по околу три килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top