| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки медиуми по последната изјава на Заев: Скопскиот премиер ја остави отворена можноста за ревизија на Уставот

Заев: Можна промена на Уставот за интеграција во ЕУ“, „Заев: Сигурно ќе го отвориме Уставот во пресрет на интеграцијата во ЕУ“, „Отворена веројатноста за ревизија на Уставот на ПЈРМ“, „Заев не ја исклучува можноста за ревизија на Уставот“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната изјава на македонскиот премиер во однос на можноста да се направат уставни промени кај нас.

– ПЈРМ сигурно ќе треба да го отвори прашањето со нејзиниот Устав, пред нејзината интеграција во ЕУ, како сите членки на Унијата, изјави премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, пишува „Катимерини“.

Грчката ТВ „Скај“, на нејзиниот официјален сајт, пак, пишува дека „скопскиот премиер Зоран Заев ја остави отворена можноста за ревизија на Уставот на земјата“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми го пренесуваат и ставот на македонскиот премиер во однос на тоа дека решението ќе го одредат институциите, а не лично тој или пак Ципрас, но, не го пренесуваат делот во кој Заев одговара негативно на прашањето дали уставните промени се поврзани со промена на уставното име.

(МИА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top