Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека попладне во планинските предели ќе има краткотраен слаб дожд. Ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 21 до 31 степен Целзиусов.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во наредните два дена времето ќе биде стабилно и топло, а од четврток следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и во сабота, особено во западните делови од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст