Фудбалерот на Пари Сен Жермен и бразилската репрезентација, Нејмар де Силва Сантос Јуниор, ќе биде подготвен за почетокот на Светското првенство во Русија.
Од ПСЖ соопштија дека лекувањето на Нејмар добро напредува и дека прогнозите се исклучително добри.
– Резултатите од тестовите покажаа дека Нејмар добро заздравува од повредата на скочниот зглоб и стапалото. Тој повеќе не носи гипс или други помагала кои му ја имобилизираат ногата. Во следните денови ќе знаеме како ќе се одвива рехабилитацијата понатаму, соопштија од клубот.
Нејмар се повреди кон крајот на февруари и пропушти голем дел од сезоната во ПСЖ, а по првичните проценки за сериозноста на повредата предизвика загриженост во Бразил поради неизвесноста за неговиот настап во репрезентацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст