
Дете од скопска градинка пред неколку дена заболело од коксаки. Ваква информација преку СМС порака испратила мајката до раководителката на детската установа, објави Сител.
Случајот не е пријавен во скопскиот центар за јавно здравје од каде со сигурност не можат да потврдат дека станува збор за опасниот вирус кој е наречен и болест на нечисти раце. По информацијата од медиумите, најавија дека ќе направат вонреден надзор во објектот бидејќи заразата може да се појави кај друго дете и десетина дена по контактот.
– Кај нас пријава нема, но по истражување на информацијата ја дознавме градинката каде мајка пријавила дека детото и има коксаки. Секако дека ние ќе отидеме на терен да провериме, но кај нас официјална потврда нема, вели Гордана Кузмановска од ИЈЗ.
И покрај заобиколување на процедурите, од градинката неофицијално потврдиле дека направиле целосна дезинфекција во просториите каде седат дечињата. Вирусот е препознатлив по осип на раце или нозе и зголемена телесна темпаратура. Може да помине со благи симптоми, но според лекарите доведува и до тешки компликации како воспаление на мозок.
– Како и другите заразни заболувања и коксаки може да даде компликации, вели Кузмановска.
Во октомври и ноември минатата година беа регистрирани десетина случаи на коксаки во три скопски градинки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


