
Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски иако игра во послаба форма во пролетниот дел од сезоната, се уште е еден од главните играчи на Палермо. Сепак, од Сицилија би можел да го загуби напаѓачот доколку не обезбеди промоција во најсилната италијанска лига.
Популарниот „Несто-гол“ е мета на неколку клубови од Калчото, а неговата иднина во Палермо зависи од статусот на клубот. Италијанците велат дека сицилијанците мора да обезбедат пласман во Серија А, во спротивно, Несторовски од Зампарини ќе побара да биде продаден.
Палермо се бори за директен влез во Серија А, а се наоѓа на третото место со 63 бода, исто колку и второпласираната Парма. Второто место во Серија Б е единственото кое води директно во Серија А, а лидер е Емполи чиј влез е веќе сигурен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


