
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го осуди однесувањето на вицепремиерот Кочо Анѓушев кој, како што рече, се обидел со закани да го замолкне преставникот на „Транспаренси Интернешнл“ во врска со наводите за сомнителната стечајна постапка која се води за комбинатот ФЕНИ.
– Народната поговорка вели кој лаже, тој и краде, а тој што е фатен дека краде станува насилен. На површина излегува насилничкото и арогантно однесување на владата предводена од СДСМ. Тоа е резултат на нивната нервоза. Со тоа сакаат да ги покријат своите сомнителни бизниси, катастрофални политики и целосната своја неспособност, истакна на пресот Ѓорѓиевски.
Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека Анѓушев се дрзнал да се заканува и на новинар затоа што правел сторија, повторно за случајот ФЕНИ.
– Дали на Кочо Анѓушев му пречи да се зборува околу Фени заради поврзаноста на неговите фирми кои чекаат да си го наплатат долгот или пак проблем е тоа што стечајниот управник е донатор на СДСМ? Дали истиот овој стечаен управник не е инволвиран и во Југохром каде што повторно Анѓушев, односно негови фирми се доверители, а фигурира истиот стечаен управник? Дали некој си ја ишка мувата од капата зарди тоа што е фатен со рацете во медот?, запраша Ѓорѓиевски.
Додаде дека од опозициската партија се сериозно загрижени за, како што рече, цензурата на медиумите и на јавноста од политичари од власта кои јавно и бесрамно се закануваат кога некој ја критикува нивната работа.
– Ова е политичко насилство кое го вршат врз нашето општество и врз нашиот народ. Очигледно е дека стравот од вистината ги принудува на вакви нервозни реакции. Ние подолг период наназад говориме за скандалите кои се врзуваат секојдневно за владата на СДСМ, Анѓушев и Заев, а ваквото однесување е само потврда дека сме во право, истакна Ѓорѓиевски на пресот. Подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите општествени чинители внимателно и одблиску да ја следат, како што кажа, оваа неодговорна и неспособна Влада и аферите кои и тоа како се врзуваат за нејзиното работење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


