| четврток, 6 декември 2018 |

Еден живот – една љубов: ЕХФ ги прогласи навивачите на Вардар за фанови на неделата (видео)

Вардар вчера успеа да дојде до минимален пораз, кој сепак беше резултат кој му донесе пласман во „Фајнл форот“ во Келн, на завршниот турнир од Лигата на шампионите, каде ќе го брани трофејот освоен лани.

Иако, вчера имаше стресен натпревар, кој можеби и не беше најдобар за здравјето на верните вардарови фанови, тие сепак уште еднаш покажаа како се бодри саканиот клуб. Веќе подолго време скопската публика важи за најдобра во европскиот, вистински пекол за кој и да дојде на теренот во „Јане Сандаски“.

Вчерашното издание на публиката, која од првата до последната минута го бодреше својот клуб, беше и причина од страна на ЕХФ да биде прогласена за најдобра минатата недела. Прилогот на ЕХФ за најдобрите фанови на неделава може да го погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top