
Ноќеска околу 00.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“, општина Чаир, од страна на четири непознати лица било нападнато лицето О.Ј.Д. од Р.Турција.
Според пријавата, откако го пресретнале, едниот од напаѓачите му рекол да му го даде телефонот, на што оштетениот одговорил дека нема телефон, по што лицето почнало да го удира, а потоа и другите лица се приклучиле во физичкиот напад. Откако О.Ј.Д. почнал да вика полиција, напаѓачите избегале од местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


