| четврток, 6 декември 2018 |

Убавата Морган не ги депилира ниту бричи своите нозе цели две години: Ги обожувам своите влакна (фото)

Фитнес блогерката Морган Микенс со своите бројни следбеници на Инстаграм секојдневно споделува фотографија од своите влакнести нозе и пазуви, надевајќи се дека ќе ги инспирира другите да ја прифатата природната убавина. Фотографиите во меѓувреме го привлекоа вниманието на повеќе странски медиуми.

Морган на својот Инстаграм профил главно објавува фотографии од своето тело откако почнала да се занимава со бодибилдинг. Како што вели, кога имала 11 или 12 години на часовите по физичко другите девојчиња ја исмевале зошто имала влакнести нозе, по што побегнала дома и ја прашала мајка си дали може да ги бричи нозете. По повеќе години депилација, на почетокот на 2016, таа одлучила да се откаже од отстранувањето на влакната на своето тело.

– Постојат повеќе причини зошто се одлучив за тоа, прво ми одземаше многу време. Предолго траеше тоа, туширање, бричење на се, миење на косата. Едноставно, еден ден си реков дека нема повеќе да го правам тоа. Кога ми пораснаа влакненцата сфатив дека всушност ми е многу пријатно, прилично се меки и ги обожувам, вели Морган.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top