| четврток, 6 декември 2018 |

Заев за најавеното проветрување: А да почекаме да почне месецот?!

Ќе има ли утре реконструкција на Влада?! Премиерот Зоран Заев најави проветрување на владиниот состав на почетокот на мај. Денеска за медиуите тој изјави:

„А да почекаме да почне месецот?! Рековме на почетокот на мај. Може на крајот да се случи повеќе ресори да се сменат, може никој да не се смени“.

Заев кратко одговори дека разговорите за реконструкцијата течат, но дека не би сакал да соопштува детали. Тој рече дека штом има нешто конкретно ќе ѝ го соопшти на јавноста.

Во изјава за медиумите, Заев рече дека во преговорите станува збор и за зацврстување на парламентарното мнозинство и затоа е најдобро да се почека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top