Која од трите француски екипи ПСЖ, Нант или Монпелје ќе биде противник на Вардар во полуфиналето на годинашниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите ќе се знае во среда кога ќе бидат одредени полуфиналните двојки. Ждрепката за Ф4 ќе се одржи во 12 часот во хотелот „Радисон Блу“ во Келн.
Вардар е во улога на бранител на титулата, а годинава прв пат во историјата на ЛШ, на Ф4 турнирот ќе настапат и три екипи од иста земја, откако трите француски екипи – ПСЖ, Нант и Монпелје изборија пласман во завршницата на ЛШ.
На ждрепката сите четири екипи ќе бидат во еден барабан и ќе нема привилегирани. Ќе се влечат еден по еден тим и ќе играат според тоа како ќе бидат извлечени, без разлика дали тие играле претходбно меѓусебе во групната фаза од ЛШ.
Полуфиналните средби на Ф4 турнирот до ЛШ ќе се играат на 26 мај, а финалето и мечт за 3.место се на 27 мај во „Ланксес Арена“. Термините и во двата дена се од 15.15 часот и од 18 часот.
Од четирите годишени учесници на Ф4 турнирот, европски титули имаат само Вардар (2017) и Монпелје (2003), ПСЖ игра по трети пат на Ф4, а Нант е дебитант во завршницата од ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


