Србинот Жељко Обрадовиќ ќе му биде тренер на Лестер Бо Мекејлеб во Фенербахче, а промоцијата ќе биде спектакуларна за осумкратниот европски шампион и е закажана за утре на фудбалскиот стадион на клубот од Истанбул.
Обрадовиќ се сликаше со шал на Фенер, со што потврди дека ќе биде нов стратег на клубот, а таму игра и Мекејлеб. Србинот има 8 титули европски првак со различни екипи и е убедливо најтрофеен тренер на стариот континент. Според најавите од Турција, Обрадовиќ ќе потпише двегодишен договор за 3 милиони евра по сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


