Ќе се отвори нов случај за криминал во државата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека денеска во 16 часот ќе објави нов случај за кој постои сериозен сомнеж за криминал.
Тој на својата фејсбук страница напиша:
Во една прилика соопштив дека во Македонија се случува колективен грабеж полош од транзицијата, последиците од неработењето и погрешните политики ќе се чувствуваат долго потоа. Тоа го кажав врз основа на прецизни информации кои до нас доаѓаат на дневна основа. Врвот на тоа криминално стебло доаѓа до самата врхушка на власт. Денеска ќе објавам нов случај каде постои сериозен сомнеж за криминал кој се одвива на дневна основа. Велеа дека ќе се борат за живот за сите, една година подоцна, животот за обичниот граѓанин никако да дојде, но затоа картелот на власт енормно се богати, а единствено што оди напред е криминалот. И кога ќе Ви велат дека за Македонија се работи, всушност се гледа дека се работи за пари, ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Следете ме денес во 16 часот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


